14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По пресудата за затвор за Груевски се огласија од ВМРО ДПМНЕ

Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, стравот од народот и црвениот картон кој го доби е причина за донесената одлука на Апелациониот суд за пресудата на Никола Груевски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски по одлуката на Апелацискиот суд да ја потврди 2 годишната казна затвор за експремиерот Никола Груевски.

„Власта која вршеше уцени и закани пред и после референдумскиот ден, која се јавуваше по приватни броеви на членови од ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање, полнеше кутии, продолжува со истото сценарио на автократско владеење, вака ја покажуваат својата немоќ, народот нема да го заборави предавањето на националните интереси“, рече Арсовски.

Арсовски нагласи дека партијата останиува на истите ставови и барања утврдени на седниците на извршниот и централниот комитет, а тоа се разрешување на актуелниот и избор на нов јавен обвинител, формирање на анкетна комисија и спроведување избори со Пржинска влада.

По соопштувањето на пресудата, експремиерот Груевски изјави дека затворот е политички прогон и дека нема да ги поддржи уставните измени и да го изневери народот.

Тој рече дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд. Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.

Апелацискиот суд постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Спонзорирано: