8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индија купува руско оружје во вредност од пет милијарди долари

Русија и Индија денеска потпишаа договор за испорака на рускиот ракетен систем С-400 во Индија.

Во пресрет на посетата на Путин во Индија, советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, рече дека договорот ќе биде вреден повеќе од пет милијарди долари, пишува „Ројтерс“.

Руската агенција вели дека Ушаков им изјавил на новинарите дека резултатот од договорот е Индија да има модерен систем за воздушна одбрана, кој би ги надминал параметрите на другите земји со слични системи.

Испораката на пет напредни ракетни системи ќе почне во октомври 2020 година.

Индија и Русија потпишаа и договор за шест проекти за изградба на нуклеарни централи.

Спонзорирано: