10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Очекуваме помош од Германија и во оваа финална фаза за нашите европски интеграции

Очекуваме помош од Германија и во оваа финална фаза за нашите европски интеграции, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој оствари средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг.

На средбата соговорниците се осврнаа на најновите случувања и текови во однос на напредокот на земјата во процесот на европска интеграција, особено во контекст на резултатите од референдумот и евро-атлантските перспективи на земјава.

„Добивме јасна порака од граѓаните до политичките елити да ја преземат одговорноста и да ѝ обезбедат на земјата евро-атлантска иднина“, потенцираше Османи, посочувајќи на Парламентот како институција каде треба да продолжи имплементацијата на договорот од Преспа, во чија реализација треба да се вклучат сите политички фактори.

„Имплементацијата на овој договор ќе се движи паралелно со процесите на имплементација на реформите и обврските дефинирани во заклучоците на јунските самити, како и соодветната реализација на објаснувачкиот скрининг со Европската комисија, кој почна минатата недела“, истакна Османи, потенцирајќи ја посветеност на Секретаријатот за европски прашања за целосна и соодветна подготовка на преговарачката структура за преговорите во јуни следната година.

Османи пренесе благодарност во името на Владата за севкупната поддршка од страна на Германија на Република Македонија, изразувајќи надеж дека и во оваа финална фаза заеднички ќе ги надминеме последните предизвици за заокружување на евро-атланската перспектива на земјава.

Спонзорирано: