11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на НАТО, Столтенберг, наскоро ќе ја посети Србија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе ја посети Србија во првата половина на октомври и ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишуваат белградските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Посетата на Столтенберг, како што пишуваат е „деликатна”, а поради околностите во кои оваа средба ќе се случи „ни едната, ниту другата страна не сака” јавно да ги открие деталите во врска со датумот, формат и темата на состанокот, според белградските медиуми.

„Шефот на НАТО од своето стапување на должност отвори простор за различен дијалогот со официјален Белград”, оценува агенцијата „Танјуг“.

Столтенберг досега во неколку наврати „повтори дека НАТО ја почитува суверена одлука за воена неутралност на Србија”, според белградските медиуми, во која се наведува дека српскиот шеф на државата „во неколку наврати, ја истакнал важноста на присуството на НАТО во Косово и Метохија, за безбедноста на Србите”.

Белградските медиуми во своите извештаи наведуваат дека Столтенберг и Вучиќ последен пат оствариле контакт во саботата на 29 септември, по повод акциите на специјалните единици на косовската полиција (РОСУ) во северниот дел на Косово.

Вучиќ претходно во саботата нареди ставање на српската војска во состојба на максимална борбена готовност и побара од српскиот МУП сите негови војници се стават на највисока готовност откако претседателот на Косово, Хашим Тачи, во придружба на шеесетина припадници на специјалните единици на Косово (РОСУ) беа во посета на Газивода, каде живеат мнозинство срби во северниот дел на земјата.

Белград, како што пишуваат медиумите, настанот во саботата го толкуваше драматично како преземање на хидроцентралата Газивода во северно Косово.