12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
СВЕТ

Несесер со козметика блокираше цел аеродром

Несесер со козметика на една жена на минхенскиот аеродром почнал цела низа настани што на крајот довела до повеќечасовно затворање на терминалот и откажување на 330 летови.

Имено, при стандардна контрола било утврдено дека патничката имала рачен багаж со козметички препарати и шминка [to не биле во согласност со правилата за пренесување рачен багаж. Бидејќи таа не сакала да ги фрли, ѝ било предложено да го предаде несесерот за транспорт во багажниот простор. Таа се вратила на шалтерот за пријавување, каде што ја предала торбата и потоа повторно дошла на контрола, но успеала без проверка да мине во транзитниот дел од терминалот.

Кога супервизорот го забележал овој пропуст, наложил потрага по патничката, при што се утврдило дека таа веќе се качила во авион подготвен за полетување. Според безбедносните процедури, терминалот веднаш бил затворен и сите летови запрени. По седумчасовна потрага, сообраќајот продолжил да се одвива нормално, но голем број патници ги пропуштиле своите летови, а дури 700 биле прнудени да ја минат ноќта на аеродромот.

По извршената истрага, било одлучено дека нема основа за покревање тужба против патничката, но тројца работници кои пропуштиле да ја прегледаат поради тоа што разговарале меѓусебно, ќе бидат отпуштени. Целиот инцидент предизвикал штета од 1,2 милиони евра, пишува магазинот „Травел“.

Спонзорирано: