17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бугарското МНР за референдумот:Губењето време не е од корист, ниту за земјата ниту за регионот

,,Политичката елита на нашиот сосед мора да покаже зрелост и да најде начин да ги реши тешките проблеми. Заложбата е иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Референдумот е највисока демократска практика, со изразена волја на оние кои учествуваа и кои не учествуваа. Граѓаните имаа слободен избор, и повеќе од 90 проценти од гласачите на овој консултативен референдум се изјаснија дека категорично се за евроатлантска интеграција“, се вели во соопштението на МНР на Бугарија во врска со референдумот во земјава.

Бугарското МНР смета дека гласот на граѓаните не може да се игнорира.„Големо мнозинство на граѓани се за членство во ЕУ и во НАТО. Губењето време не е од корист, ниту за земјата, ниту за регионот. Република Бугарија ќе продолжи да ги поддржува нашите браќа и сестри од Република Македонија и интеграцијата на државата во ЕУ и во НАТО“, се додава во соопштението.