8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иванов пак избега од новинарски прашања: Драматичен говор на македонскиот претседател околу референдумот

Народот го отфрли Преспанскиот договор со неизлегување на референдумот, изјави претседателот Ѓорге Иванов во обраќање до граѓаните.

„Бојкотот е гласот на потценетите и неслушнатите. Референдумот не успеа, не ја потценувајте волјата на народот бидејќи цензусот не е исполнет. Колку и да ја извртувате реалноста нема да ја смените. Време е за одговорност“, порача Иванов.

Претседателот додаде дека власта ја свела поддршката за ЕУ и НАТО на 36 проценти. Тој рече дека одлуката на граѓаните обврзува, а Собранието треба да ја почитува таа одлука.

„Да влеземе во ЕУ и НАТО без уцени и притисоци. Треба прво реформи во судството, корупцијата, клиентелизмот. Втор предизвик е да изградиме нов национален консензус. Ова да е поука за сите партии што ветуваат. Владејачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешниот референдум“, рече Иванов кој како и на секое обраќање си замина без одговори на новинарски прашања.