10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

” Панични реакции во врвот на ВМРО-ДПМНЕ откако над 600.000 глаѓани гласаа „за“”

Неоснованите пријави се панични реакции во врвот на ВМРО ДПМНЕ откако над 600 илјади граѓани слободно, на референдумот, гласаа ЗА, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на опозицијата во врска со референдумот.

„Граѓаните и институциите спроведоа мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување. Лагите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Дури и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денот на референдумот го оцени како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки коишто се воделе непристрасно“, се нагласува во реакцијата на СДСМ.

Социјалдемократите сметаат дека волјата на граѓаните на реферндумот е јасно изразена, а граѓаните се за иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

„Должност на сите политички партии, на сите пратеници е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и да ги продолжат процесите што водат во ЕУ и НАТО. Врвот на ВМРО ДПМНЕ, во немоќ, манифестира паника што и покрај бојкотот што го заговараше, граѓани и членови од оваа партија излегоа на референдумот и гласаа а мнозинството од над 600 илјади се изјаснија ЗА ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението.

Затоа партијата што со години вршеше брутални прекршувања на изборниот законик, велат од СДСМ, партијата што организираше избори по принципот „некое ливче нека снема“ и „вадење гласачи за уши“ денеска поднесува несоновани пријави.

Спонзорирано: