Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ВМРО ДПМНЕ обвинета за организиран бојкот, се најавуваат итни превремени избори ако пратениците не ја испочитуваат волјата на народот

Премиерот Зоран Заев предмалку го нарече денешниот ден како успех за демократијата и успех за европска Македонија.

Сега е следна волјата на граѓаните да биде испочитувана од страна на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев го обвини ВМРО ДПМНЕ за организиран бојкот.

Заев најави и итни предвремени избори доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ја поддржат волјата на граѓаните.