6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ЈОРМ: До 10 часот не е пријавен посериозен инцидент на референдумот

Комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот ја известува јавноста дека до 10 часот утринава не е пријавен кривично-правен настан или посериозен инцидент што би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот.

,,Дежурни јавни обвинители во сите основни и виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот. Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и дадени се насоки за итно преземање мерки за прибирање докази за евентуално сторени противправности и попречување на правото на глас на граѓаните.

Јавното обвинителство во континуитет ќе продолжи будно да ги следи случувањата во текот на денешниот ден. За сите незаконитости веднаш ќе бидат преземени со закон определените мерки согласно со надлежноста на јавното обвинителство”, се вели во соопштението. ​

Спонзорирано: