5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Изутринава на неколку места осамнаа графити за референдумот

Полицијата информира дека изутринава, додека трае изборниот молк, осамнале графити за референдумот на неколку локации.

Околу 6:10 часот е пријавено дека на локален пат село Петровец – село Катланово во близина на училиштето ,,Кочо Рацин“ во село Петровец биле испишани графити во врска со референдумот.

Во 5:55 часот е пријавено дека на училиштето „Александар Здравковски” во село Јегуновце, Тетовско, бил испишан графит во врска со референдумот.

МВР информира и дека околу 00,30 часот при обиколка на полициски службеници било забележано дека во село Мислешево, струшко во близина на гласачко место бил поставен транспарент во врска со референдумот.

Во 2,49 часот, пак, било пријавено дека графит бил испишан пред влезот на културниот дом во село Дељадровци, Скопско.

Вчера на подрачјето на Полициска станица Карпош на неколку локации во близина на Основно училиште „Петар Поп Арсов“, каде било сместено избирачко место за „Референдум 2018“ биле испишани графити во врска со референдумот. Графит бил испишан и во училишниот двор на игралиштето. Исто така графит бил испишан и во дворот на градинката „Пролет“.

На подрачјето на Полициска станица Центар, на улица „50-та Дивизија“ во непосредна близина на влезот во Средно медицинско улишиште „Панче Караѓозов“, бил испишан графит во врска со Референдумот.Во ПС ОН-Карпош, пак, било пријавено дека во непосредна близина на ОУ„Вера Циривири Трена“ каде било сместено Избирачко место за „Референдум 2018“, на ѕидот од зградата бил испишан графит во врска со референдумот. Графит бил испишан и на ул.„Веселин Маслеша“ во непосредна близина на ОУ„Вера Циривири Трена“ каде е сместено Избирачко место за „Референдум 2018“.