6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До 9 часот одѕивот на референдумот е 2,45 отсто

До 9 часот изутринава, одѕивот на референдумот е 2,45 отсто, информираше Државната изборна комисија. Податоците се добиени од 71,58 гласачки места.Најголем одзив има во Демир – Хисар 4,12%,а најмал во Конче – 0,73.

Изутринава имало поднесено три приговори за повреда на избирачкото право и сите биле одбиени. Граѓани се жалеле дека ги немало во списокот. ДИК информираше дека во однос на приговорите било утврдено дека еден од нив немал сменето адреса, еден бил со неважечка лична карта и третиот бил од дијаспората, но неговиот приговор не бил доставен навремено. Генерално гласањето се одвива без нерегуларности, оценуваат од Комисијата.

Спонзорирано: