12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојката на Маск откри зошто цената на акцијата ја заокружи на 420 долари

Американската комисија за хартии од вредност го обвини Елон Маск за измама, и се смета дека Маск го утврдил износот од 420 долари за акција поради симболиката што овој број ја има кај корисниците на марихуана, пишува „Бизнис инсајдер“.

Американската раперка Азелија Банкс на нејзиниот инстаграм-профил објави во август размена на пораки меѓу неа и девојката на Елон Маск, пејачката Гримес, во кои пејачката вели дека Маск почнал да пуши трева заради неа и дека се заинтересирал за симболиката на бројот 420.

„Поради тоа малку се пошегува, и кога одлучи да ја приватизира компанијата, го заокружи износот на цената на акциите од 419 на 420 долари за акција. Сега ДИК го испитува поради тоа”, напиша пејачката во пораката.

420, 4:20, или 4/20 е кодот во културата на канабисот кој се однесува на потрошувачката на канабис, особено пушење марихуана во 16:20 часот, кога според општествените стандарди на супкултурата на потрошувачите на канабис, е најдобро време да се консумира таа супстанција. Исто така, бројот 420 се однесува на прослава на празникот Weed Day, кој припадниците на таа американска супкултура го прославуваат на 20 април низ Америка.

Спонзорирано: