10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Светската трговска организација ја намали прогнозата за раст на светската економија

Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за растот на економијата во светот, наведувајќи го зголемувањето на трговските тензии меѓу големите економии и зголемувањето на неизвесноста.

Телото со седиште во Женева ја намали прогнозата за годинава за половина процентен поен на 3,9 проценти. СТО предвидува намалување на растот на светската трговија следната година, на 3,7 отсто.

СТО наведе дека новите трговски мерки кои целат кон извозот на големите економии е јасна алузија на тензиите на САД со клучните трговски партнери.

САД воведоа царини на стоки, вклучувајќи ги челикот и алуминиумот од повеќе земји, меѓу кои старите сојузници како ЕУ и Канада. Истовремено САД влегоа во спор со Кина, за која обвинија дека неправично бара од странските компании да ја дадат својата технологија доколку сакаат пристап до нејзиниот пазар. Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот одобри зголемување на царините за кинеската роба во вредност од 200 милијарди долари. Пекинг одговори со воведување пенали на американските производи во вредност од 60 милијарди долари.