10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гутереш: За Обединетите нации Косово не е држава

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рекол дека за ОН Косово не е држава, соопшти српската Влада.

Тој додал дека светската организација ќе поддржи евентуален договор меѓу Белград и Приштина.

Брнабиќ рекла дека Србија активно учествува во мировните мисии на ОН, и дека во интерес на земјата е УНМИК да остане на Косово. „Ова го истакнав и на состанокот на Акцијата за мир“, рекла Брнабиќ.

Гутереш потврдил дека УНМИК ќе остане на Косово. Брнабиќ навела и дека ОН треба да биде поактивна во меѓународните односи. На состанокот присуствувал и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој го повикал Гутереш да ја посети Србија.

Спонзорирано: