12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновски да одговори дали Заев се согласи да тргува со сѐ што е македонско

Зоран Заев е единствениот политичар во Македонија кој се согласил да ги прифати грчките црвени линии и да ги избрише македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ, кој претходно порача дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, не сака Македонија да успее.

„Зоран Заев и СДСМ ќе останат запаметени во историјата по срамното прифаќање да го сменат името и Уставот по диктат на Грција. Достоинството нема цена, но тоа го знае само народот кој има образ.
Костадин Костадиновски пред да почне да лаже за да ги покрива антидржавните политики на Зоран Заев треба да одговори дали Заев се согласи да тргува со сè што е македонско за да се спаси од одговорност за милионските криминали во коишто беше фатен“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Партијата порача, следниот пат кога Костадиновски ќе застане пред ВМРО-ДПМНЕ да одговори, меѓудругото, дали Заев му ги кажал испорачаните амандмани од Грција и како ќе гласи Преамбулата на Уставот.

„Што е тоа што ќе биде непријатно во измената на Уставот и зошто ако се каже сега би влијаело врз одлуката како граѓаните би постапиле на 30 септември? Дали Костадиновски не го интересира зошто Заев и Димитров сакаат да избегаат од резултатот на референдумот, уште сега го прогласуваат за небитен и се убедени дека капитулацијата секако ќе ја туркаат низ Собранието на Република Македонија?“, прашува опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението заклучува дека СДСМ и натаму продолжува со манипулации во јавноста, наместо со вистински одговори што граѓаните ги заслужуваат.

Спонзорирано: