12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР предмалку излезе со важно соопштение: Секој што ќе го направи на референдумот ова нешто, ќе биде санкциониран!

Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, ги презема сите неопходни мерки со цел гласањето на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година да помине во најдобар ред односно да се овозможи слободно изразување на волјата на граѓаните. Согласно законите, секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран. Согласно законите, секој обид за попречување на остварување на правото на глас ќе биде санкциониран.

Најостро ги демантираме лагите изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. МВР веќе не е партизирана институција како што тоа беше во минатото. Сега МВР работи според законите. Апелираме до политичките субјекти да престанат со ширењето на невистини. Ги повикуваме граѓаните доколку сметаат дека нивните права се повредени, тоа веднаш да го пријават за да можат да се преземат соодветни дејствија.

Спонзорирано: