Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прекршочни пријави за „1 ТВ“ и ТВ „Сонце“, не го почитувале дозволеното време за реклами за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги констатира дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузера од оние што се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласиле емитувањето на платената јавна пропаганда со упатството за медиумско претставување за време на референдум.

„’1 ТВ’ не го почитуваше дозволеното време за емитување на рекламните пораки ‘за’ референдумот, а ТВ „Сонце“ рекламните пораки за бојкот на референдумот спротивно на правилата ги емитуваше во повеќе изданија на посебни информативни програми. Против двата радиодифузера Агенцијата ќе поведе прекршочни постапки за прекршувањата констатирани во периодот од 15 до 20 септември 2018 година“, соопшти Агенцијата.

Дополнително, велат од таму, проверката на почитувањето на правилата за емитување платена јавна пропаганда во овој период покажа дека кај неколку радиодифузери на 20 септември има отстапувања во поглед на лимитите за емитување на рекламните пораки „за“ референдумот. Доколку податоците од следните денови покажат дека не станува збор за ненамерни грешки, и за овие радиодифузери ќе следуваат мерки во согласност со регулативата.

Спонзорирано: