3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Обезбедени средства за стручните звања во заштитата на културното наследство

Министерството за култура денеска преку соопштение до медиумите информира дека преку Министерството за финансии се обезбедени средства за надминување на проблемот со валоризација на стручните работници во областа на заштитата на културното наследство и реализацијата на нивните законски права.

„За сто триесет и четири лица од национални и од локални установи од областа на културата е добиена согласност за зголемување на платите по основ на стекнати стручни звања на стручни работници во областа на заштитата на културното наследство“, се наведува во соопштението испратено од Министерството за култура.

На овој начин, велат од Министерството, ќе се надмине долгогодишниот проблем и ќе биде извршена корекција на платите за вработените во 21 национална и во 8 локални установи по основ на стекнати стручни звања и тие ќе бидат распоредени на соодветни работни места во установите од областа на заштитата на културното наследство во согласност со законот.

Спонзорирано: