12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата во посета на балтичките земји: Бранете ја својата тешко добиена слобода

Папата Франциско ги предупреди жителите на Латвија, кои речиси 30 години не се дел од Советскиот Сојуз, да ја почитуваат својата тешко добиена слобода и да не ги забораваат оние што се жртвуваа за неа.

Папата е во посета на Литванија, Латвија и на Естонија, балтичките земји кои повторно се плашат од непријателски настроената Русија.

„Вие добро ја знаете цената на слободата што мора секојпат одново да ја освојувате“, им се обрати папата Франциско на претседателот Рајмондс Вејонис и на дипломатскиот кор кусо по доаѓањето од Литванија во главниот град на Латвија.

Сите три земји првпат стекнаа независност од Руската Империја пред 100 години по што тие беа споени со Советскиот Сојуз во 1940 година, окупирани од нацистите за време на Втората светска војна и беа советски републики до 1991 година.

Сите три земји се членки на Европската Унија и на НАТО, а со Русија ја делат копнената граница.

Спонзорирано: