11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија испраќа „С-300“ во Сирија поради соборувањето на „иљушин”

Русија ќе ѝ го предаде модерниот систем за воздушна одбрана „С-300“ на Сирија во текот на следните две недели, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Овој систем е способен да пресретне средства за воздушен напад во опсег од повеќе од 250 км и истовремено да погоди неколку воздушни цели“, рече тој.

Шојгу истакна дека со оглед на високата ефикасност и брзината на огнот, системот значително ќе ја зајакне борбената способност на сириската противвоздушна одбрана, а порталот РТ вели дека испораката на „С-300“ е дел од одговорот за соборувањето на рускиот „иљушин-20“.

Спонзорирано: