8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Приоритет на мојата посета на Германија ќе биде зајакнување на политичките врски

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Едроган, рекол дека во текот на претстојната посета на Германија планира да ги зајакне економските и политичките врски со таа земја.

„Приоритет во агендата на мојата посета на Германија ќе биде целосно напуштање на периодот од последните години во нашите политички односи“, рекол Ердоган, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакнал и дека посетата е чекор кон зајакнување на економските односи со корист за двете страни.

Ердоган планира да ја посети Германија во периодот меѓу 27 и 29 септември, а пред тоа ќе присуствува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што почнува денеска.

Односите меѓу Германија и Турција се влошија по обидот за државен удар во Турција во 2016 година по што десетина илјади луѓе беа притворени вклучувајќи и германски државјани. До благо подобрување на односите меѓу двете земји дојде во последните неколку месеци кога Турција го ослободи од притвор германско-турскиот новинар и му дозволи на друг германски државјанин да излезе од Турција.

Во Германија живеат околу три милиони Турци, што е најголема дијаспора во светот. Германските власти сметаат дека нема друг избор, освен зајакнување на врските со Анкара и покрај загриженоста поради непочитувањето на човековите права во Турција.

Спонзорирано: