10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Соседот ѝ се заканувал со секира и ја гаѓал со камења

Четириесет и едногодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека вчера на булеварот Македонско-косовска бригада, додека одела кон своето возило, кое било паркирано пред нејзиниот дом, соседот Д.Т. (56) излегол надвор со секира во раката, се приближил до неа и ѝ упатил навреди и закани.

Х.С. влегла во дворот, а тој ја оставил секирата и зел камења и почнал да ги фрла кон неа. Д.Т. е приведен во Полициската станица Бит-пазар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Спонзорирано: