10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поранешни директори и управители на АД „Водостопанство“ ја злоупотребиле службената положба

Kривична пријава против М.К. (37), Х.Д. (34), М.В. (45), С.В. (20), К.Т. (36), М.О. (34), сите од Скопје, и С.С. (54) од Штип, З.В. (42) од Виница, С.Ц. (37), Б.З. (41) и Л.П. (39), тројцата од Кавадарци, и С.Б. (40) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

„Во периодот од октомври 2017 до февруари 2018 година првопријавениот како претседател на одборот на директори и вршител на функцијата главен извршен директор на АД ‘Водостопанство’ и Е.У. (почината – постапката против неа е прекината) како главен извршен директор на АД ‘Водостопанство’ на РМ, спротивно на Законот за јавните набавки, Законот за водите и Правилникот за условите, начинот и постапката за продажба на изваден наносен материјал – песок, чакал и камен од речните корита, на 11 фирми, во кои другите пријавени биле управители, им доделиле договори за јавна набавка со цел подобрување на режимот на водата во речните корита“, се наведува во соопштението на МВР.

На тој начин првопријавениот и Е.У. им овозможиле на другите пријавени да стекнат противправна имотна корист, која ќе биде дополнително утврдена.