15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна несреќа во Битола – еден повреден

Четириесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на улица Партизанска во Битола.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале „мерцедес“ со ресенски регистерски таблици управувано од К.С.(42) од Ресен и „фолксваген голф“ со битолски регистерски таблици управувано од Н.О.А.(54) од Битола.

Во незгодата К.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола каде ѝ била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.