Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Санкциите кон Русија ќе останат сѐ додека не се постигне примирје во Украина, изјави Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека санкциите кон Русија нема да бидат укинати додека не се постигне примирје во Украина.

Говорејќи на состанокот со лидерите на балтичките земји во главниот град на Литванија, Вилнус, Меркел рече дека враќањето на мирот и територијалниот интегритет во Украина останува цел на ЕУ.

Таа додаде дека нема да се разговара за укинување на санкциите кон Русија, додека не се примени мировниот договор постигнат во Минск во 2015 година.

Германија и Франција посредуваа во постигнувањето на договорот за ставање крај на насилството во источна Украина, но повеќето негови одредби сè уште не се исполнети.