6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун му пиша на Трамп

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун побара од специјалниот делегат од Јужна Кореја Чон Ли-лонг, со кој се сретна во Пјонгјанг, да му предаде порака на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Чон Ли-лонг по средбата изјавил дека Ким не се согласува со оцената на САД дека нема прогрес во денуклеаризацијата на Корејскиот Pолуостров. Ким рекол дека демонтажата на полигонот Фунгери практично ја лишила земјата од можноста да изведе нови нуклеарни тестирања. Тој оценил дека меѓународната заедница недоволно ги цени чекорите на Пјонгјанг.

Ким рекол дека се надева дека процесите за решавање на кризата на полуостровот и на нормализацијата на односите со САД ќе завршат до крајот на мандатот на Трамп во јануари 2021 година.

Спонзорирано: