18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грип е најверојатно причината за симптомите на патниците во авионот на „Емиратите“

Здравствените власти во САД претпоставуваат дека можна причина за симптомите на кои се пожалија патници на авионот на „Емиратите“, кој вчера попладнето слета на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк, е грип, објави Си-eн-eн.

На 10 лица им се проценува здравствената состојба во болница и се тестираат за респираторна болест. Службеник од Центрите за контрола изјавил дека властите се сомневаат за респираторни болести, како што е инфлуенца, респираторен синдром на Блискиот Исток, или МЕРС, вирусна респираторна болест, која за првпат беше идентификувана во 2012 година.

„Причината за болеста најверојатно е грип“, изјави актуелниот министер за здравство, Оксирис Барбо, која рекла дека докторите ќе знаат повеќе кога ќе ги добијат резултатите од респираторните тестови направени на тројца патници и седум членови на екипажот доцна синоќа.

Над 100 луѓе кои потекнуваат од Дубаи и слетаа во Њујорк пријавиле симптоми како кашлица, треска, висока температура и повраќање. Десетмина од патниците се хоспитализирани во болница во Квинс, додека на осуммина им била пружена помош на аеродромот. На останатите патници од авионот, во кој имало 521 лице, им било дозволено да го продолжат патувањето.

Авионот на „Емиратите“, кој леташе од Дубаи, на аеродромот во Њујорк го пречекале полицијата и Центрите за контрола на болести и превенција со цел итна проверка на патниците.
Канцеларијата на градоначалникот потврди на „Твитер“ дека авионот слетал во ЈФК со заболените патници, велејќи дека авионот бил ставен во карантин.