Сите анализи и сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните го препознаваат историскиот момент, граѓаните знаат дека пред нив е историска можност да ја обезбедат иднината, знаат дека Македонија припаѓа во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.
Во соопштението од партијата се наведува дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи е врвен стратешки приоритет на сите.
„Сите политички партии, а пред сè ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се вклучат во процесот, да ја поддржат одлуката на граѓаните и да го повикаат своето членство на 30 септември да излезе на референдумот и масовно, храбро и достоинствено да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Спонзорирано: