10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги остави учениците без книги и учебници

„Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без книги и учебници. Освен сомнеж за сериозен криминал, нема друго објаснување за оставањето на учениците да ја почнат новата учебна година без книги, кои допрва ќе треба да се печатат“, реагираа и денеска преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Министерството за образование и наука преку сомнителна набавка во 4 очи доделило 27 договори во износ од 7.5 милиони евра без објавување оглас во рок од 3 дена.

Наместо поквалитетно образование, велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ за цело лето не успеа ниту да ги изреновира училиштата, ниту да овозможни нормални услови за образование на младите.

„Македонија ги губи сите битки на полето на развој, економија, здравство, образование, а Заев и СДСМ ги интересираат само наместените тендери и личните бизниси“, стои во партиското соопштение.

Спонзорирано: