10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во свлечиштето во Етиопија загинаа најмалку 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа, а четворица беа тешко повредени во свлечиштето што го предизвикаа силни дождови во јужна Етиопија, објавија државните медиуми.

Радиодифузната корпорација Фана извести дека жртвите загинале при уривањето на три куќи во етиопскиот Регион на јужните нации, народности и народи.

Извлечени се телата на десет жртви. Во тек е акцијата на извлекување на телата на уште две жртви, соопштија медиумите од Етиопија, според изјавите на шефот на полицијата.

Неименуван официјален претставник изјави дека повредените биле однесени во болницата.

Минатата година загинаа 115 луѓе во свлечиштето што се појави во депонијата во Адис Абеба.