11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нова услуга за електронско плаќање на сметките за вода

„Плати брзо“ е нова веб-услуга за електронско плаќање на сметките за вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Преку оваа услуга на корисниците им се овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот „Мој водовод“.

На елетронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, со што заштедуваат време и пари.

Дополнително, на електронскиот систем е овозможено остварување на сите шалтерски услуги, како преглед на долгот, пријавување дефект или плаќање на рати.

Спонзорирано: