23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илон Маск херојот од Тајланд го нарече „силувач на деца“

Сопственикот на „Тесла моторс“ и „Спејс екс“, познатиот претприемач Илон Маск, повторно без никакви докази жестоко го нападна Вернон Унсворт, британскиот спелеолог кој одигра клучна улога во спасувањето на момчињата од една пештера во Тајланд.

Инаку, Унсворт и Маск дојдоа во конфликт кога сопственикот на „Тесла моторс“ и „Спејс екс“ дојде во Тајланд со мини подморница, која ја дизајнираше, а која требаше да помогне во спасувањето на момчињата кои беа заробени со денови во пештерата.

Подморницата на Маск не беше искористена за спасување, но Унсворт по успешното спасување коментираше дека тоа бил маркетиншки потег, што на Маск не му се допадна и на „Твитер“ го нарече – педофил.

Откако Унсворт му се закани на Маск со тужба, сопственикот на Тесла јавно му се извини. Цената на акциите на „Тесла“ потоа падна драстично, а Маск во неодамнешното интервју за „Њујорк тајмс“ призна дека зад него е „страшна” година.

Но, познатиот претприемач очигледно сè потешко се контролира, па деновиве прати порака на е-пошта полна со пцости и нови обвиненија против Унсворт. Маск вели дека Унсворт е „ силувач на деца” кој се преселил на Тајланд, со цел „да се ожени со девојка која тогаш имала 12 години”.