25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето се менува: Еве што не очекува наредниве денови

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 21 до 31 степен.

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Во попладневните часови во планинските региони не е исклучена можноста за краткотраен дожд.

Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.