10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ќе ја крене Македонија на нозе: Следните денови доаѓаат моќни светски државници во поддршка на референдумот за европска Македонија

Во пресрет на референдумот, кој треба да се одржи на 30 септември, неделава се очекува во земјава да пристигнат канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и што уште во август објави Centar.mk, во Македонија се очекуваат најмоќните државници во Светот.

Столтенберг во земјава треба да допатува в среда, што е втора негова посета за последниве шест месеци. Германскиот канцелар, Себастијан Курц, ќе ја посети Македонија в петок, а средбите ќе се заокружат со посетата на Меркел, која се очекува да пристигне в сабота, кога се прославува Денот на независноста.

Премиерот Зоран Заев синоќа на трибина во Берово ги најави посетите, истакнувајќи дека доаѓањето на тројцата светски државници е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија.

„Тие ни подаваат рака да одиме напред“, изјави Заев изразувајќи увереност дека референдумот ќе успее.

Според Заев, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО, моментот кога сите треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија. Заев истакна дека е убеден дека македонските граѓани ќе ја препознаат и нема да ја пропуштат историската шанса што ќе ја обезбеди иднината на државата и на следните генерации.