20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја ќе останат делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Горно Соње

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат делови од општина Шуто Оризари, Кисела Вода и Горно Соње.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од улиците Че Гевара, Бутелски Венец и Македонско-косовска бригада со подулиците (општина Шуто Оризари).

Од 9 до 11 часот струја ќе немаат улицата Марко Цепенков и дел од улицата Боте Ботевски во општина Кисела Вода и во периодот од 8 до 17 часот селото Горно Соње (општина Сопиште).