14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најнередовни во Собрание се обвинетите пратеници за крвавиот четврток, Груевски со најмногу неоправдани

Најнередовни во Собранието се пратениците обвинети за крвавиот четврток, додека најмногу неоправдани отсуства има експремиерот Никола Груевски, покажува извештајот за работата на народните избраници, за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, објавен во рамки на 19-тата публикација „Мој пратеник“. Според податоците, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов ниту еднаш не присуствувале на седница, додека пратеникот Сашо Василевски се појавил само еднаш.

Веднаш по нив меѓу најнередовните е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој води во неоправдани отсуства , и тоа 21, додека 31 пат ги оправдал отсуствата. Груевски само трипати присуствувал на седниците, а само еднаш се јавил за дискусија.

Само четири присуства на седниците имаат Борис Змејковски и Мендух Тачи, а меѓу понередовните пратеници се и Јохан Тарчуловски, Влатко Ѓорчев, Васил Пишев и Иван Стоиљковиќ.

Според бројот на дискусии, пак, како најактивни во првите шест месеци се покажаа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Предничин Драган Данев со вкупно 54 излагања од кои 12 дискусии, 18 реплики и контра реплики, и 24 пати процедурално се јавил за збор. Томислав Тунтев, пак, има 16 дискусии 14 реплики и 6 процедурални.

Во првите шест месеци во Собранието вкупно се донесени 178 закони, 83 од економската област, 52 од политички систем и 43 закони од областа на јавните дејности. Пет седници биле посветени на пратенички прашања.

Спонзорирано: