20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прв случај на западнонилски вирус потврден во Словенија

Минатата недела во Словенија е забележан првиот случај на инфекција со западнонилски вирус, пациентот веќ ее отпуштен од болница и закрепнува дома, потврди словенечкиот Национален институт за јавно здравје.

Поради сомневање на западнонилски вирус, повеќе од 30 пациенти беа тестирани оваа година во Словенија, но резултатите од тестовите беа негативни.

Вирусот го пренесуваат комарци, а најопасен е за време на топлите денови, обично во јули и август, кога комарците во Европа се најактивни.