14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Македонија – има ранети

На ден 31.08.2018 година во 14,30 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Нистрово-мавровско на местот викано „Ќумурана“ при случајна средба, а по претходна расправија, К.У.(51) од Гостивар, со еден испукан куршум од пиштол го погодил Е.М.(24) од с.Здуње во пределот на стомакот, по што го напуштил местото на настанот. Повредениот бил пренесен во Медицинскиот Центар во Гостивар, но поради сериозноста на повредата бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. По превземени мерки од страна на полициски службеници осомничениот бил затекнат како управува патничко моторно возило „Фиат Панда“ со италијански национални ознаки по што бил запрен, а во возилото бил пронајден еден пиштој марка “ЦЗ“ калибар 7.62 мм, кој го поседувал без дозвола. Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.