22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Ресен – има повредени

На 31.08.2018 година околу 16,10 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен“ товарно моторно возило “Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло. Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување на лекарска помош. Сообраќајот на делницата од Ресен до Макази поради истурен товар од товарното возило бил во целосен прекин од 16,20 до 21,30 часот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.