6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев го повика Мицкоски да учествуваат во кампањата за референдумот

Коалиција од стотина партии, здруженија на граѓани, невладини, независни пратеници ќе ја водат кампањата Излези ,ЗА” европска Македонија чиј старт официјално го означи премиерот Зоран Заев. Тој во својот говор потсети на референдумот од 1991 година и порача дека и со овој референдум се потврди независноста на државата.

,,Постои една директна линија која што ги поврзува 8 септмеври 1991 година и 30 септември 2018 година. Тоа се два големи настани и чекори кои ги преземаме како одговорни граѓани со кои ја обезбедуваме иднината на земјата. Ова е уште еден референдум за зацрстување и потврдување на нашата независност, со што ќе добиеме сигурна перспектива како членки на НАТО и ЕУ”, рече премиерот.

Според него, значајно е што овој нов референдум за иднината на Македонија ќе се оствари со консензус. ,,Сите граѓани ќе бидат заедно за европска Македонија, време е земјава да тргне уште побрзо по вистинскиот пат кој е над дневните расправии, политиката и жестоките полемики во општеството. Исправени сме пред прашање кое што е поголемо и поважно од сите политички партии – иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии заедно. Ова е историска шанса за иднината, ни помага да се обединиме и да тргнеме заедно на последната етапа, марш кон Европа”, вели Заев истакнувајќи дека коалицијата е отворена за сите кои сакаат да им се придружат.

Тој упати повторно повик кон опозицијата да бидат единствени кон ова прашање. ,,Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ има силни причини да се приклучи, тие се за европска Македонија. Критикувајте не за договорот со Грција, но не ја пропуштајте оваа шанса Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО. Отсекогаш сум ја поздравувал конструктивната критика, но за иднината на Македонија мораме сите да бидеме едногласни”, рече Заев.

Тој ги повика Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат во позитивна кампања за референдумот, бидејќи иднината на Македонија е над дневната политика.

Заев најави дека започнуваат кампања со која ќе ги информираат граѓаните за придобивките од влезот во ЕУ и НАТО, но и да ги објаснат придобивките од договорот со Грција.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека референдумот на 30 септември е референдум за влез во НАТО и ЕУ, за една подемократска Македонија и за борба против корупцијата и криминалот.

,,Во континутитет сме посветени да го исполниме барањето на околу 90 отсто од граѓаните за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, како заокружување на многуте напори направени низ годините. Затоа на 30 септември има само две опциии – за или против европска Македонија. Нема место за калкулации и противење, сите власта и опозицијата треба да му се приклучиме на караванот за подобра иднина”, рече Ахмети.

Спонзорирано: