11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пронајден брод на духови: Мистериозно исчезнал пред 70 години

За речиси 70 години станал легенда – бродот San Giorgio бил потопен во реката По. Опкружен со мистерија и љубопитност, вчера бил откриен.

Истражувачите ги пронашле остатоците помеѓу три и пет метри длабочина во италијанската река. Историскиот италијански воен брод, германската војска го запленила после 8 септември 1943 година и патролирал на брегот на Јадранот, а потоа станал дух. никој не знаел каде се наоѓа, пишува Il Messaggero.

San Giorgio бил долг 54 метри, широк 8 метри, а тежок 363 тона. Овој брод со години „спиел“ на дното на реката По.

San Giorgio бил изграден во Трст 1914 година, а после Првата светска војна и припаднал на Италијанската кралска морнарица и бил користен како патролен брод.

Сè додека не го заплениле Германците 1944 година, кога го избришале името San Giorgio, реквалификувајќи го како G107. Потоа на бродот му се губи трага.

Спонзорирано: