22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украле пушки од полициски магацин и ги замениле со играчки (Фото)

Од еден полициски магацин во Парагвај крадци украле 42 пушки. За време на проверка во складиштето полицајците откриле дека украдените пушки FN FAL се заменети со дрвени и пластични реплики.

Проверките на полициските складишта започнале откако тие автоматски пушки, пред околу година дена, почнале да се појавуваат на црниот пазар, каде достигнувале цена и до 10.000 долари.

Како што наведува Би-Би-Си, оружјето кое е украдено од магацин, иако складирано, било целосно функционално.

Парагвајската полиција се сомнева дека некои од пушките завршиле во соседните земји.

Спонзорирано: