8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со фалични тези за референдумот, СДСМ не може да го прикрие срамот од капитулантскиот договор

Со фалични тези за референдумот не се покрива срамот од капитулантскиот договор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обвинувањето од СДСМ дека Мицкоски не го искажува ставот за референдумот зашто не успеал да добие амнестија за претходното партиско раководство.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека секој ден од СДСМ се пушта едно исто конфузно и безидејно соопштение.

„Бледо соопштение со тези што се преполни со лаги и невистини. Впрочем, тоа е максимумот од партија чиј претседател кажува лага кога и да отвори уста“, велат од опозициската партија.

Оттаму истакнуваат и дека СДСМ не може да го покрие со ништо општиот грабеж што го спроведува, како што велат, криминалниот картел на власт.

„Скандалите и криминалот не се бранат и покриваат со бледи соопштенија. Целото општество е во стагнација. Со СДСМ нема напредок. Јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ. На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.