3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски нема став за референдумот зашто не успеа да добие амнестија за претходното раководство

Сите прогресивни политички субјекти и мнозинството граѓани се определени за загарантиран македонски идентитет и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО, велат од владејачката партија СДСМ.

Оттаму додаваат дека само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат без став за најважното прашање во историјата на независна Македонија.

„Немањето став за најважното прашање за најзначајните стратешки и национални интереси докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е несериозна и неодговорна партија што мисли само на сопствените, а никако на интересите на граѓаните и државата“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ воедно прашуваат дали тоа што не успеаја да добијат амнестија за нивното претходно раководство е причината што Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат или не сакаат да го соопштат ставот за референдумот на 30 септември.

На крајот, од партијата истакнуваат дека Македонија чекори кон целосно расчистување со корупцијата, како и владеење на правото, што се едни и од критериумите за интеграција во ЕУ и НАТО.

Спонзорирано: