6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен тајфун му се заканува на западниот дел на Јапонија

Силен тајфун наречен Цимарон би требало да пристигне до западниот брег на Јапонија вечерва, што кај луѓето предизвикува страв од обилни врнежи и лизгање на земјиштето, особено во областа која во јули ја зафатија силни дождови.

„Бидете подготвени да ги преземете сите неопходни мерки“, им рече премиерот Шинзо Абе на членовите на владата и други официјални лица на подготвителниот состанок.

Тој ги повика локалните власти без двоумење да издадат наредби за евакуација, можеби поради тоа што владата беше цел на критики по задоцнетата реакција по поројните дождови и поплавите во кои загинаа околу 220 луѓе на почетокот од јули.

Тајфунот Цимарон, кој се приближува кон југозападот на Јапонија, се карактеризира со силни ветришта со брзина до 216 километри на час. Бурата би можела да создаде бранови со висина од 11 метри, предупреди метеоролошката агенција.

До јапонската територија тајфунот се очекува да пристигне во текот на вечерта, а потоа да продолжи кон север.

Поради очекуваното невреме, откажани се десетина летови, траекти и возови.

Спонзорирано: