3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Николсон: Авганистан има невидена можност за мир

Командантот на НАТО во Авганистан, американскиот генерал Џон Николсон, изјави дека Авганистан има досега „невидена“ можност за мир.

По прекинот на огнот кон средината на јуни, авганистанскиот претседател, Ашраф Гани, во неделата на Талибанците им понуди нов прекин на огнот, што, според американскиот генерал, покажува дека и покрај насилството, таму постои досега невидена можност или простор за можност да се постигне мир.

„Ќе има подеми и падови, ќе има скокови напред, ќе има фрустрации, со текот на времето ќе има два чекора напред па еден назад. Но, процесот почна. А до сето ова немаше да дојде без стратегија. Мислам дека нашата стратегија дааде плод“, изјави Николсон на прес-конференција.

Но, сепак, Авганистан сè уште чека одговор од страна на талибанците за понудата за тримесечен прекин на огнот, која ја понуди авганистанскиот претседател, додава Николсон.

За крај на својата прес-конференција тој исто така посочи и дека примирјето не би се однесувало на Исламска држава, посебно во Кабул, каде е најактивно, но и дека не би стапило на сила доколку талибанците не го почитуваат до крај и би траело сè додека тие ќе го почитуваат.