16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Фирма без вработени и пред затварање добила грант од власта

Фондот за иновации кој еден месец се обидува да го заташка случајот глумејќи транспарентност заборави да објави неколку работи кои дополнително алудираат на тоа дека ова е најкриминалната Владата што воопшто била некогаш на власт во Македонија, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски додава дека од Фондот за иновации доделиле пари на 2 фирми кои се со постапка на бришење и затварање во Централниот регистар по член 552.

„И тоа замислете, вкупната сума што им ја доделиле на фирмите кои се пред бришење изнесува 12.370.344 денари или вкупно 201.143 евра. „Фирмата Омега Рисрч“ ДООЕЛ Скопје, каде што се јавува извесна млада девојка која веќе добила грант од Агенцијата за вработување претходно да ја основа фирмата, добива грант за проект за исклучителна иновација во областа на жива и органска козметика за нега на кожа, базирана на иновативна биотехнологија и Фондот за иновации за ова им доделува помош од 11.180.260 денари или 182.000 евра. Интересно е што фирмата нема ниту еден вработен, нема вработени и е во постапка на бришење, а самата фирма треба да инвестира 4.791.540 денари или 78.000 евра. Втората фирма која е во постапка на затварање и бришење е фирмата „Мобидониа“ ДООЕЛ од Неготино која што треба да биде креатор на админ панели, добива грант од фондот во висина од 1.190.084 денари или 20.000 евра, а самата фирма треба да инвестира 520.000 денари“, изјави Арсовски.

Арсовски на денешната прес конференција го повика и Јавното обвинителство да го испита случајот.