6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На евтин лет го сретнал австрискиот канцелар: ’А нашите мислат дека се богови’ (Фото)

На завчерашниот нискобуџетен лет од Барселона за Виена бил и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Лежерно облечен Курц како и секој друг патник го поминал летот, освен што го привлекол вниманието на останатите, посебно на децата со кои се фотографирал.

Летот доцнел два часа, а австрискиот функционер, кој патувал без никаква придружба, се сликал со децата и со останатите патници чекал во економска класа.

После патувањето сам го земал багажот и си заминал, тврди Никола Грубишиќ родум од Дервента, БиХ, кој сè објавил на својот Фејсбук профил, пренесе Индекс.

Својот пост го завршил со зборовите: „И потоа повлечи паралела со нашите политичари кои мислат дека се Богови“.

Спонзорирано: