20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се сруши покривот на напуштена фабрика во Русија, внатре имало 10 бегалци од Кригистан

Едно лице загина, пет се повредени, а две се водат за исчезнати, кога се сруши покривот на фабрика за хартија што се наоѓа на островот Сахалин во источна Русија.

„Покривот на старата нефункционална јапонска фабрика за хартија се сруши. Во тој момент внатре имало 10 лица, бегалци од Кригистан. Двајца се во добра состојба, едно лице почина, три се здобија со сериозни, а две со полесни повреди. Последните двајца сѐ уште се наоѓаат под рушевините“, изјави портпаролот за вонредни ситуации, пренесе „ТАСС“.

Спасувачката операција е стопирана за в понделеник, бидејќи постои опасност за дополнително рушење на покривот, велат надлежните.

Фабриката била отворена во 1936 година.

Спонзорирано: